• сабота, 27 јули 2024

Надал ја освои 12. титула во Барселона

Надал ја освои 12. титула во Барселона
Барселона, 25 април 2021 (МИА) - Третиот светски рекет Рафаел Надал вечерва за 3 часа 38 минути го победи Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Барселона со 6:4, 6:7 и 7:5. За Надал ова е 12-ти трофеј во Барселона. Во историјата на професионалниот машки тенис, никој друг не освоил ниту еден турнир 12 пати, а Шпанецот успеа во две натпреварувања: во Барселона и на Ролан Гарос (има 13 победи во Париз). Воедно, Шпанецот ја освои 175-та победа над ривалите од ТОП 10. Ова е трет резултат во историјата по Роџер Федерер (224) и Новак Ѓоковиќ (218). На земјени терени, Надал стигна до 61-та титула и вкупно 87-та во неговата кариера. зс/

Остани поврзан