• недела, 24 ноември 2024

Надал не знае дали турнирот во Австралија може да му биде последен во кариерата

Надал не знае дали турнирот во Австралија може да му биде последен во кариерата

Мелбурн, 28 декември 2022 (МИА) - Рафаел Надал одговори дали претстојниот Грен слем во Австралија може да биде последен во неговата кариера.

- Никогаш не се знае. Се надевам дека не. Но, на 36 години, не знаете кој турнир ќе ви биде последен. Не сакам да зборувам за тоа сега, не сум расположен. Се фокусирам на тоа да покажам највисоко ниво и да се борам трофеј. Ова е мојата цел. Мислам дека ова нема д абиде мое последно патување. Но, ако се испостави, тогаш сега мора да се обидам да направам што е можно повеќе. Да создадам нешто посебно. Не, мило ми е што го правам тоа што го правам, изјави Надал.

Надал, кој е бранител на трофејот на АО и 22-кратен грен слем шампион, новата сезона ќе ја започне со екипниот турнир Јунајтед куп на почетокот на јануари. зс/

Тагови

Остани поврзан