• недела, 24 ноември 2024

Надал: Моето тело е како „стара машина“

Надал: Моето тело е како „стара машина“
Рим, 10 мај 2022 (МИА) - На 35 години и по речиси две децении на, или блиску до врвот на тенисот, Рафаел Надал го споредува своето тело со „стара машина“. За време на прес-конференцијата на тенискиот турнир Италијански опен во Рим, Шпанецот изјави дека за повторно да се врати потребно е малку време. - Не е исто кога имаш 19 години отколку кога имаш скоро 36, со сите проблеми низ кои поминав во мојата тениска кариера, рече Надал. Откако се повреди за време на полуфиналната победа над Карлос Алкараз на Индијан Велс во март, Надал се врати во акција на Мадрид опен минатата недела, кога беше поразен од 19-годишниот Шпанец во четвртфиналето. - Треба повторно да изградите самодоверба на вашето тело, на вашите движења, а потоа повторно ќе почнете да се чувствувате удобно. Повеќе се работи за тоа да бидам сигурен во моите движења, да ја вратам брзината, да се опоравам на начинот на кој треба да играм на земјена подлога, смета тој. Надал, кој ќе наполни 36 години на 3 јуни, го игра своето последно загревање во Рим оваа недела пред да се обиде да го додаде на рекордот од вкупно 13 титули на Отвореното првенство на Франција. ар/са/

Остани поврзан