• петок, 27 декември 2024

Надал го победи Тим во неговиот прв меч по враќањето на турнејата

Надал го победи Тим во неговиот прв меч по враќањето на турнејата

Бризбејн, 2 јануари 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австриецот Доминик Тим со резултат 7:5, 6:1 во првото коло на турнирот во Бризбејн.

Мечот траеше 1 час и 30 минути. Триесет и седумгодишниот Шпанец имаше три аса и една двојна грешка, како и три реализирани брејк топки од шест шанси.

Надал го одигра својот прв сингл меч откако се врати на турнејата по санирање на повредата. Својот последен натпревар Шпанецот го одигра на 18 јануари 2023 година на Австралија опен.

Во второто коло Надал ќе се сретне со победникот од мечот Аслан Карацев (Русија) - Џејсон Кублер (Австралија).

Наградниот фонд на АТП Бризбејн Интернационал изнесува 661.585 долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан