• недела, 24 ноември 2024

Награден ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“

Награден ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“
Скопје, 21 март 2022 (MИA) - По повод Денот на екологијата и првиот ден на пролетта, слончето Халки и неговиот тим го посетија ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје и заедно со учениците и наставниците засадија садници во училишниот двор. Почетокот на пролетта е повод и за распишување на наградниот ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“, на кој право на учество имаат деца до 12-годишна возраст. Сите дела пристигнати на конкурсот ќе бидат изложени на голема пролетна изложба под отворено небо. Тричлена комисија ќе ја разгледува и оценува креативноста, а авторите на најдобрите три цртежа добијат депозит за детско штедење од Халкбанк. - Ја продолжуваме својата мисија за поддршка на најмладите преку нивно креативно изразување. Пролетта е инспиративна за сите, па и овој пат сакавме да ги повикаме децата да размислуваат за пролетните авантури, за екологијата, здравите навики, чистата средина, другарството и прифаќањето. Поддршката на најмладите е најсигурен влог за иднината, информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк Ад Скопје. Ликовните творби треба да се испраќаат до Центар за визуелна комуникација – Ефектива, на ул: „29 Ноември“ 4Д, 1000 Скопје со назнака „Ликовен конкурс” најдоцна до 28 март 2022 година. Прогласувањето на победниците ќе биде на 31 март на веб-страницата на организаторот и на социјалните мрежи. Халки ги потсети учениците и на вредностите за кои постојано пишува, зборува и презема многу активности: екологија и борба за здрава животна средина, другарство, важноста на читањето книги. По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром-21 Март дружината зборуваше и за прифаќањето на различностите и за еднаквите образовни можности за сите деца. мд/дма/

Остани поврзан