• четврток, 26 декември 2024

Награда за „Најдобри практики“ за делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во рамки на програмата Суперучилишта

Награда за „Најдобри практики“ за делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во рамки на програмата Суперучилишта

Делчево, 28 ноември 2023 (МИА) - Со награда за „Најдобри практики“, гимназијата „Методи Митевски - Брицо“ од Делчево со успех го заврши учеството во програмата Суперучилишта, во чии рамки со парнерското училиште Средња Стручна Школа од Пирот, Србија го реализираа проектот „Don’t Give Up, Don’t Gift Up”.

Наградата, како што информираа од гимназијата во Делчево, се додели во присуство на еминенти претставници од Амбасадите, одговорните службени лица од канцелариите на RYCO, донаторите и претседателката на Босна и Херцеговина.

-Имавме исполнети месеци посветени на проектот: креативност, иновативност, коректен пристап за примена на програмските цели во делот на учење и примена на Интеркултурен дијалог, Решавање на Конфликти, Позитивно градење на мир во Западен Балкан, креирање на прирачник за следните апликанти со совети за пристап и методологија на одржливост на проектот, истакнаа од делчевската гимназија.

Освен со програмските имплентации, проектот како што додадоа одиграл голема улога во промоција на регионите на двете општини Делчево и Пирот.

-Исто така и во зајакнување на врските помеѓу наставничкиот колегиум на двете училишта. Наградата во името на сите ученици ја примија дел од учесниците на завршниот настан во Сараево меѓу кои Лука Стоименовски и Зоран Алиќ со своите наставници – локални координатори Желеанка Демирова и Душица Голубовиќ, додадоа од делчевското училиште.

Проектот е дел од мисијата на Регионалната Канцеларија за Развој на Младите RYCO, подржана од останатите донатори на Западен Балкан, EU, GIZ, BMZ. вс/


Фото: МИА

 

Остани поврзан