• петок, 27 декември 2024

Наградата ,,Најгласни" за ученичката заедница од делчевската гимназија ,,М.М.Брицо"

Наградата ,,Најгласни

Делчево, 4 април 2024 (МИА) - Ученичката заедница при гимназијата „Методи Митевски - Брицо" од Делчево ја освои наградата ,,Најгласни" која ја доделува фондацијата Конрад Аденауер, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, Сојуз на средношколци и Агенција за млади и спорт. Наградата се доделува на ученичката заедница која најмногу демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија.

Во рамки на тридневната обука, претставници на ученичката заедница од Делчево работеа на размена на своите искуства и начин на функционирање, се запознаа со главните цели и механизми на средношколско учество.

-Ученичката заедница на чело со Сара Ангелова, Вања Ѓеоргиевска и Лука Стоименовски се претставија со предизвиците со кои се соочуваат, креираа  решенија за предизвици со кои се соочуваат ученичките заедници, изработуваа акциски план, подготовка на презентација, Team Building активност за тимска координација. 

На третиот ден од настанот тие  ја претставија работата на нашата ученичка заедница пред жири комисија и токму ним им припадна наградата најГЛАСни!, се вели во објавата на гимназијата од Делчево по повод успехот на средношколците.

„Најгласни" како што додадоа е прва и единствена награда за средношколско учество во нашата земја.

-Фондација Конрад Аденауер, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, Сојуз на средношколци и Агенција за млади и спорт, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја доделуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси, додадоа од СОУ „М.М.Брицо".

Наградената училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница. Наградената ученичка заедница, покрај признанието, ќе добие и финансиска поддршка во висина од 30.000 денари за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на 2024 година. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан