• среда, 27 ноември 2024

Нагелсман ќе добие нов договор во германската фудбалска репрезентација

Нагелсман ќе добие нов договор во германската фудбалска репрезентација

Берлин, 14 октомври 2024 (МИА) - Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) планира да го продолжи договорот со селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман. 

Раководството на ДФБ сака сегашниот селектор да остане на својата функција и по Светското првенство во 2026 година.

-Ќе се обидеме да го убедиме Јулијан дека треба да остане во националниот тим уште неколку години“, го цитира „Sport1“ спортскиот директор на тимот Руди Фелер.

Нагелсман е тренер на германската репрезентација од септември 2023 година. Неговиот договор истекува во летото 2026 година.

Германската репрезентација предводена од 37-годишен стручњак одигра 16 натпревари - 9 победи, 4 нерешени и 3 порази. Нагелсман претходно беше тренер на Хофенхајм, Лајпциг и Баерн. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан