• четврток, 05 март 2026

Пресретнати две беспилотни летала на Кипар, евакуиран аеродромот во Пафос

Пресретнати две беспилотни летала на Кипар, евакуиран аеродромот во Пафос

Никозија, 2 март 2026 (МИА) – Две беспилотни летала што се движеа во правец на британските бази во Акротири беа навремено спречени, информираше преку Икс портпаролот на кипарската Влада, Константинос Летибиотис, додека пак претходно, поради сомнителен дрон, евакуиран беше аеродромот во градот Пафос, што се наоѓа на околу 50-60 километри од британските бази, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за внатрешни работи на Кипар соопштија дека по информациите доставени од Националната гарда, беа дадени упатства за евакуација на општинскиот округ Акротири и аеродромот Пафос, како и инструкции за жителите на уште едно населено место во непосредна близина да ги ограничат непотребните движења и да останат во своите домови.

Кипарските медиуми пишуваат дека причината за евакуацијата на аеродромот е откако радарите забележале сомнителен објект.

Нешто повеќе од еден час подоцна Министерството соопшти дека вонредната состојба на аеродромот завршила.

Аеродромот Пафос е во западниот дел на островот, на околу 50-60 километри од британската база во Акротири, што беше нападната со дрон во текот на ноќта. ср/ми/

Остани поврзан