• среда, 20 ноември 2024

Наводниот организатор на мито во ЕУ ќе оди во домашен притвор

Наводниот организатор на мито во ЕУ ќе оди во домашен притвор

Брисел, 6 април 2023 (МИА) – Наводниот организатор на поткуп во Европскиот парламент, Антонио Панцери, може да го напушти затворот под одредени услови, соопштија денеска обвинителите во Брисел.

Како што пренесе ДПА, судот кој е надлежен за случајот одлучи дека Панцери може да го помине истражниот затвор во домашен притвор со електронски надзор, изјави портпаролот на јавното обвинителство.

Поранешната потпретседателка Ева Каили и белгискиот европратеник Марк Тарабела ќе останат во затвор, додаде тој. Заедно со Панцери и уште еден европратеник, тие се осомничени дека земале мито од Катар и Мароко во замена за влијание врз европарламентот.

Обвинетите се обвинети и за перење пари и членство во криминална организација.

Панцери во јануари потпиша договор со обвинителите во кој се обврза дека ќе го открие целиот обем на активностите, кои беа обелоденети на крајот на 2022 година. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан