• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Навивач на Манчестер Јунајтед доби забрана за влез на „Олд Трафорд откако го удри Џек Грилиш

Навивач на Манчестер Јунајтед доби забрана за влез на „Олд Трафорд откако го удри Џек Грилиш

Манчестер, 10 април 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед го суспендираше навивачот кој го удри Џек Грилиш во лицето по дербито во Премиер лигата со Манчестер Сити, кое минатата недела заврши нерешено 0-0.

На 6 април, навивач на Јунајтед му удри шлаканица на Грилиш за време на расправија во близина на тунелот на „Олд Трафорд“.

Полицијата соопшти дека Алфи Холт (20) ќе се соочи со судот под обвинение за напад.

Раководството на Манчестер јунајтед го отстрани Холт од стадионот на нивниот клуб набргу по објавувањето на обвинувањата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан