• среда, 25 декември 2024

Навивачите на Тотенхем влегоа во Управниот одбор

Навивачите на Тотенхем влегоа во Управниот одбор
Лондон, 11 мај 2021 (МИА) – Англискиот прволигаш Тотенхем ќе именува претставници на навивачите во својот Управен одбор во обид да ги подобри односите кои се нарушија откако клубот беше меѓу основачите на европската Супер лига. - Веруваме дека ова претставува автентично и вистинско претставување и оти ќе обезбеди навивачите да бидат сржта во донесувањето на одлуките на клубот, што ние исклучително го поздравуваме, соопшти премиерлигашот од северен Лондон. Тотенхем беше меѓу шесте премиерлигаши, заедно со Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Арсенал, кои иницираа формирање Супер лига, но под притисок на навивачите и јавноста, набрзо го напуштија проектот. Потесна соработка со претставници на навивачите во донесувањето на клупските одлуки минатата недела најави и Челзи. ег/

Остани поврзан