• сабота, 27 јули 2024

Навивачите на Реал скандираа: Мбапе и „Златна топка“ за Винисиус“ за време на шампионската парада

Навивачите на Реал скандираа: Мбапе и „Златна топка“ за Винисиус“ за време на шампионската парада

Мадрид, 12 мај 2024 (МИА) - Навивачите на Реал Мадрид скандираа за Килијан Мбапе и Винисиус за време на денешната парада.

По повод прославата на 36. шпанска титула оваа недела, говор одржа Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид праша кој играч треба да го доведе за следната сезона. Како одговор, младите навивачи веднаш рекоа: „Мбапе! Ова го насмеа Перез.

Навивачите активно го поддржаа и крилото Винисиус Жуниор, кој постигна 21 гол и девет асистенции на 36 натпревари оваа сезона. 

Додека Бразилецот го држеше својот говор за време на церемонијата, присутните го поздравија скандирајќи: „Златната топка за Винисиус“. 

Реал ја обезбеди шампионската титула во Ла Лига и избори финале во Лигата на шампионите каде ќе се соочи со Борусија Дортмунд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан