• среда, 25 декември 2024

Навивачите на Баерн го бојкотираат натпреварот со Шахтјор

Навивачите на Баерн го бојкотираат натпреварот со Шахтјор

Минхен, 4 ноември 2024 (МИА) - Екипата на Баерн во четвртото коло од Лигата на шампионите во Германија ќе го пречека Шахтјор и наместо да има голема поддршка од своите навивачи, како што стојат работите, тие ќе отсуствуваат.

Баварците ќе му гостуваат на Шахтјор на стадионот на Шалке каде што се домаќини.

Навивачите на Баерн решија да го бојкотираат овој натпревар, но не поради политички или други причини, туку поради цената на билетите.

Цената на билетите за натпреварот во Гелзенкирхен започнува од 52 евра па нагоре, додека во Минхен најниската цена е само 19 евра.

Тие сметаат дека е премногу и затоа се побуниле.

-Не дозволувајте да ве измамат и да го бојкотирајте го гостувањето против Шахтјор. За фер цени, и против поскапувања за врвни натпревари, се вели во краткото соопштение на навивачите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан