• среда, 18 декември 2024

Навивачите гласаа: Мусиала е играч на годината во германската репрезентација

Навивачите гласаа: Мусиала е играч на годината во германската репрезентација

Минхен, 13 декември 2024 (МИА) - Џамал ​​Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во дресот на германската репрезентација.

Офанзивниот играч за врска на Баерн одигра брилијантно во текот на целата сезона, вклучително и претходната, а своите блескави игри ги пренесе и во репрезентацијата.

Мусиала и оваа година одигра одлично на Европското првенство, па ја освои титулата најдобар играч во дресот на „панцирите“.

Играчот од средниот ред на тимот од Минхен освои 56 отсто од гласовите и по втор пат во кариерата ја освои наградата. Првиот беше во 2022 година. Зад себе го остави Флоријан Вирц, кој имаше 38 отсто, а Каи Хаверц освои шест отсто од гласовите на публиката.

Во корист на Мусиала зборува статистиката. На ЕП постигна три гола, а во Лигата на нации додаде два гола и три асистенции.

Мусиала во својата кариера одигра 38 натпревари за Германија и постигна седум гола. Оваа сезона тој постигна 11 гола и додаде пет асистенции на 20 натпревари за Баерн. дс

Фото: Архива

Остани поврзан