• недела, 24 ноември 2024

Навас позајмен на Наполи

Навас позајмен на Наполи
Неапол, 23 август 2022 (МИА) – Голманот на ПСЖ и репрезентативец на Костарика, Кејлор Навас, ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот прволигаш Наполи, јавија денеска италијанските медиуми, Навас (35) во моментов не е во преден план во ПСЖ, бидејќи на голот на францускиот првак е неприкосновениот Џанлуиџи Донарума. Новиот тренер на парискиот клуб Кристоф Галтие изјави дека не смета на услугите на Навас за оваа сезона и, според пишувањето на римска Република, искусниот голман ќе му биде позајмен на Наполи до јуни идната година. Навас дојде во ПСЖ во 2019 година од мадридски Реал, а претходно бранеше за Леванте, Албасете и Саприса. ег/паг/

Остани поврзан