• среда, 27 ноември 2024

Навални тврди дека е под притисок да го прекине штрајкот со глад

Навални тврди дека е под притисок да го прекине штрајкот со глад
Москва, 16 април 2021 (МИА) - Рускиот опозицонерт Алксеј Навални денеска изјави дека затворските власти му се закануваат дека присилно ќе го хранат доколку не се откаже од штрајкот со глад. Навални (44) еден од главните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почна штрајк со глад кон крајот на март во знак на протест поради одбивањето на затворските власти адекатвно да го лекуваат од болки во грбот и во нозете. Затворската управа тврди дека му било понудено соодветно лекување, но Навални одбил и инсистирал да го лекува лекар по негов избор. Неговото барање е одбиено. Според адвокатите Навални има вртоглавица, но оти може да оди. Навални од февруари ја издржува 2,5 годишната затворска казна поради кршење на условната казна. Тој беше уапсен на аеродром на 17 јануари откако се врати од Германија каде се лекуваше од труење со нервниот гас Новичок. ми/

Остани поврзан