• среда, 25 декември 2024

Навални повторно на суд, овојпат за клевета

Навални повторно на суд, овојпат за клевета
Москва 12 февруари 2021 (МИА) - Главниот критичар на Кремљ, лидерот на опозицијата Алексеј Навални денеска се појави на суд под обвинение за клевета, што тој го нарече „политички мотивирано“. Минатата недела, Навални беше осуден на три години затвор за кршење на условна казна, а тој ваквото образложение го нарече „измислица“. Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ги заостри односите со Европската унија доколку воведе економски санкции за земјата. Во обвинението за клевета, Навални е обвинет за омаловажување на ветеран од Втората светска војна, кој се појави во промотивно видео за поддршка на уставните измени што би му овозможиле на рускиот претседател Владимир Путин уште двапати да се кандидира за претседател. Навални ги нарече луѓето од промотивното видео „предавници и корупционисти“ и ги обвини властите дека користеле измислици за негово „натамошно оцрнување“. Законот е на сила и доколку биде прогласен за виновен за обвиненија за клевета, Навални може да се соочи со затворска казна во траење од две години, но неговиот адвокат рече дека не може да го примени на неговиот клиент бидејќи кога ова го изјавил законот сè уште не бил усвоен. Сè уште не е познато дали судиите во овој случај се согласуваат со проценката на адвокатот. Инаку, поради апсењето на Навални беа организирани демонстрации низ цела Русија, а неговите сојузници планираат нов вид протести со палење светилки од мобилни телефони и свеќи на секои 15 минути во нивните дворови и на прозорците и терасите низ целата земја. паг/

Остани поврзан