• вторник, 24 декември 2024

Навални: Ме тераат да гледам државна телевизија осум часа дневно

Навални: Ме тераат да гледам државна телевизија осум часа дневно
Москва, 26 август 2021 (МИА) - Рускиот опозиционер Алексеј Навални во своето прво интервју од затвор за Њујорк тајмс изјави дека деновите на „тешка работа“ во советските гулази се завршени, но оти се заменети со „психолошко насилство“, со „перење на мозок“ и пропаганда. Тој го според затворот со кинески „работен логор“, додавајќи дека е присилен осум часа дневно да гледа програма на руската државна телевизија, не му дозволуваат да чита или пишува, а ако случајно заспие веднаш го будат. - Можете да замислите тетовирани мускулести мажи со челични заби, кои се борат со ножеви за да го заземат креветот покрај прозорецот. Мора да замислите нешто како кинески работен логор, каде што сите маршираат, а има камери се на сите страни. Исто така, постои постојана контрола и култура на кодошење, истакна Навални, кој отслужува 2,5 годишна казна во затвор во Покров, сто километри источно од Москва. Навални посочи и дека не го напушта надежта дека еден ден ќе заврши владеењето на претседателот Владимир Путин. - Порано или подоцна ова грешка ќе биде исправена, Русија ќе стане демократско општество, на европскиот пат на развој, затоа што луѓето го сакаат тоа, истакна Навални во интервјуто за Њујорк тајмс. Тој додаде и дека западните санкции кон Русија повеќе ќе наштетат на рускиот народ отколку на луѓето на власт. Навални, кој според западните разузнавачки служби беше отруен со Новичок, се вратил од лекување во Германија во Русија во јануари, по што беше уапсен веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Москва, а потоа осуден под обвинение за кршење на условната казна. Кремљ негира вмешаност во труењето на Навални и тврди дека затворската казна не е политички мотивирана. Овој месец, Навални е обвинет за нови кривични дела за кои може да остане во затвор уште три години. Доколку судот го прогласи за виновен, тој би можел да биде ослободен најрано по 2024 година. ми/

Остани поврзан