• сабота, 23 ноември 2024

Навални вратен во самица

Навални вратен во самица

Москва, 12 април 2023 (МИА) – Рускиот дисидент Алексеј Навални повторно е преместен во самица и покрај неговите сериозни здравствени проблеми.

Навални на 7 април беше пуштен од самица, а три дена подоцна е вратен во самица на уште 15 дена, соопшти тимот на Навални.

Адвокатот Вадим Кобсев изјави дека Навални за две недели во изолација изгубил осум килограми и оти морало да биде повикана брза помош. Тој тврди дека Навални не се лекува бидејќи затворската управа одбила да ги прими лековите што му биле препишани на најпознатиот дисидент во светот.

Повеќе од две години Навални е држен во особено тешки затворски услови во казнен логор.

Рускиот суд го осуди за наводна измама, но Навални според многумина е политички затвореник на режимот на претседателот Владимир Путин. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан