Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето
- Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на глас
![Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105001422_big_730x400_58.webp )
Вашингтон, 5 ноември 2020 (МИА) - Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија.
Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата на судот како голема победа.
Си-Ен-Ен тврди дека ниту еден суд не утврдил дека има повреди во пребројувањето на гласовите во Филаделфија.
Претходно, MСНБЦ објави дека пребројувањето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено прекинато, бидејќи Демократите побараа од Врховниот суд на таа држава да ја укине пресудата на долниот суд за набљудувачите овластени за броење на гласовите. паг/