• недела, 24 ноември 2024

Набавен нов булдожер за потребите на ЈКП „Дервен“

Набавен нов булдожер за потребите на ЈКП „Дервен“

Велес, 2 јуни 2024 (МИА) – ЈКП „Дервен“ од Велес неделава набави нов булдожер од сопствениот буџет, а наменет за потребите на оваа јавно комунално претпријатие. За почеток е предвидено расчистување на депонијата за градежен шут, а потоа и ставање во функција за останатите потреби, информира градоначалникот Марко Колев.

Додава дека новиот булдожер е набавен после пет децении, а со кој ќе се решат големи проблематики во тековното работење на комуналното претпријатие.

Тој појасни дека последниот булдожер кој бил набавен во ЈКП „Дервен“ бил во 1973 година поради што беше неопходна инвестиција во нов. ад/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан