• недела, 24 ноември 2024

Набавена нова еколошка машина за потребите на делчевското комунално претпријатие

Набавена нова еколошка машина за потребите на делчевското комунално претпријатие

Делчево, 10 мај 2024(МИА) - Општина Делчево за потребите на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево набави нова еколошка машина за метење и одржување на хигиената на улиците и другите јавни површини во урбаните средини.

Набавката, информираше Горан Трајковски, градоначалник на Општината Делчево, е обезбедена преку грант средства од Министерството од локална самоуправа- Биро за рeгионален развој и со финансиско учество од Oпштина Делчево од околу 10 проценти од вкупната  вредноста на машината.

- Се работи за специјализирано возило на електричен погон од програмата „Green machines“ што се напојува батериски и чија најмала брзина при чистењето изнесува околу осум километри на час. Оваа ново нaбaвена електрична машина за неколку пати треба да ја зголеми ефикасноста во одржувањето на хигиената, а истовремено ќе овозможи за пократок период да се опфатат поголеми површини како што се yлиците, тротоарите,  градскиот парк и пешачките патеки во Делчево, истакна Трајковски.

Модернизирањето на возниот парк на комуналното претпријатие од Делчево, како што додаде, ќе придонесе за поефикасно чистење на јавните површини за поубав и почист град.

Вкупната сума за набавка на оваа електрична машина за чистење на јавните површини изнесува 2 690 518,00 денари од кои Министерството за локална самоуправа –Биро зa рeгионален развој учествува со 2.400.000.00 денари, а општина Делчево со 290.518,00 денари од буџетот на општината од 2024 година. вс/цр/

Фото: МИА

Остани поврзан