• недела, 24 ноември 2024

Мјузиклот „Весели девојки“ со Тијана Дапчевиќ пред театарската публика во Крива Паланка 

Мјузиклот „Весели девојки“ со Тијана Дапчевиќ пред театарската публика во Крива Паланка 

Крива Паланка, 2 октомври 2023 (МИА) - Мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ, на уметничка работилница „Призор“ од Белград, Република Србија синоќа беше изведен  во Центарот за култура во Крива Паланка, на третата фестивалска вечер од 15. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

-Разиграна атмосфера, насмевки и громогласни аплаузи од публиката што уживаше во ритамот на мјузиклот „Весели девојки“ на извонредната актерска работилница „Призор“ од Белград, Србија, во режија на Раде Вукотиќ ја одбележа третата фестивалска и прва октомвриска вечер со театар во нашиот град. Актерките, меѓу кои и нашата македонска врвна актерка и музички уметник, Тијана Дапчевиќ, со синоќашниот перформанс ветија одлична програма до крајот на 15. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“, Крива Паланка. Градот 10 дена живее со театарската уметност, со врвни актери и актерки од земјава и Балканот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Организатор на интернационалниот театарски фестивал во Крива Паланка е Општината, а фестивалот годинава е поддржан од Фондацијата „Заев - едно општество за сите“.

Фестивалот трае до 7 октомври, а вечерва на програмата е „Со кого и со што во ЕУ“, монодрама на Драган Тешиќ од Драфт театар.

Утревечер, трети октомври, на репертоарот ќе настапи Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ –Винковци, Хрватска со „Три и пол сестри“ од Петра Цицвариќ. ид/мд/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан