• петок, 27 декември 2024

МЦМС објави јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови

МЦМС објави јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Македонскиот центар за меѓународна соработка преку програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата е финансирана од Европската Унија. -Целта на повикот е промоција на недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста преку водење на кампањи и промотивни активности во различни сектори и области на локално и национално ниво, соопшти Граѓанскиот ресурсен центар. На повикот може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондaции (ЗЗФ) најмалку две години пред објавата на повикот. Ќе се доделат најмалку шест грантови во износ до 6.000 евра (369.000 денари) по грант. Рокот за поднесување на апликациите е до 25 ноември 2022 година до 17:00 часот. Информативна онлајн сесија ќе се одржи на 11 ноември 2022 година преку платформата зум.мд/лв/

Остани поврзан