• сабота, 23 ноември 2024

Муцунски се сретна со амбасадорот на Турција и со претставникот на УНХЦР во земјава

Муцунски се сретна со амбасадорот на Турција и со претставникот на УНХЦР во земјава

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретнал со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој и со претставникот на УНХЦР во земјава, амбасадорот Габриел Гуалано де Годој.

Како што соопштија од Министерството, на средбата со амбасадорот на Турција, било изразено задоволство од одличните билатерални односи кои се во духот на традиционалното пријателство меѓу двете земји. Воедно, биле изразени заемни заложби за зајакнување на економските и бизнис релации, како и целосно користење на потенцијалите за туристичка соработка. Во оваа прилика, Муцунски искажал искрена благодарност за помошта што Турција ѝ ја испрати на земјава во справувањето со огнените стихии, а која се состои од еден хеликоптер и два „ертрактори“. Дополнително, било реафирмирано нашето цврсто сојузништво во рамки на НАТО и напорите за зачувување на регионалната стабилност во услови на променет геополитички контекст.

Во разговорот со претставникот на УНХЦР во земјава, Муцунски нагласил дека согласно приоритетите на Владата за заштита, промоција и унапредување на човековите права и слободи, со фокус на лицата кои уживаат меѓународна заштита, земјава ќе остане посветена на исполнувањето на обврските од меѓународните и легалните инструменти на УНХЦР, за развивање иновативни решенија во насока на менаџирање на глобалната миграција.

- Исто така, информирајќи за степенот на имплементација на заложбите на земјата дадени за време на Првиот глобален форум за бегалци, Муцунски  потенцираше дека земјата преку развиена рамка за системско решение и спречување на случаи на нерегистрирани лица, односно лица без документи, очекува во скоро време да стане првата земја во Европа која ќе го искорени бездржавјанството, се наведува во соопштението. 

Соговорниците размениле ставови околу досегашната взаемна соработка на Канцеларијата на УНХЦР со надлежните институции, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи успешно и во иднина. дма/нд/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан