• среда, 25 декември 2024

Муцунски на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Муцунски на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, како што информираат од МНРНТ, министрите дискутирале за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички било оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и била искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Муцунски ја истакнал посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба. Нагласил дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите. аа/

Фото: МНРНТ

Остани поврзан