• среда, 18 декември 2024

Муцунски на проштална средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Муцунски на проштална средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил проштална средба со амбасадорот на Италијанската Република  Андреа Силвестри.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна, Муцунски изразил благодарност за целокупниот придонес на амбасадорот Силвестри за развојот на италијанско-македонските односи и соработка за време на неговиот дипломатски мандат во земјава. Притоа, изразил подготвеност за натамошно продолжување на отворениот дијалог и по пристигнувањето на новиот амбасадор на Италија во нашата земја, имајќи ја предвид засилената динамика на политичкиот дијалог во изминатиот период и честите средби на високо ниво помеѓу двете земји. 

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разменети мислења и за актуелните прашања поврзани со европското досие на нашата земја, при што министерот Муцунски се заблагодарил за континуираната поддршката на Република Италија кон нашите стратешки определби за членство во Европската Унија, нагласувајќи ја нашата цврста посветеност на реформската агенда, со цел отворање нова фаза во европскиот процес и целосно ЕУ членство.фф/цр

Фото: МНРНТ

Остани поврзан