• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Муцунски и Таравари ја посетија болницата „Пирогов“ во Софија каде што се лекуваат повредени во пожарот во Кочани

Муцунски и Таравари ја посетија болницата „Пирогов“ во Софија каде што се лекуваат повредени во пожарот во Кочани

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Болницата „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани, попладнево ја посетиле министрите за здравство и за надворешни работи и надворешна трговија, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Од медицинскиот персонал биле информирани за здравствената состојба на 15-те македонски пациенти хоспитализирани во таа установа. 

Шефот на диполоматјата на Фејсбук објави дека болницата ја посетиле заедно со министрите за надворешни работи и здравство на Бугарија, Георг Георгиев и Силви Кирилов.

-Во Бугарија во моментов се згрижени 15 пациенти, што е резултат на директната политичка комуникација со нашите колеги и претставува потврда за солидарноста и силната пријателска поддршка од нашите соседи, за што изразив искрена благодарност. Упатив благодарност до целиот здравствен персонал, од кој добивме детални информации за здравствената состојба на пациентите, објави Муцунски на својот фејсбук-профил. 

Пред семејствата на македонските пациенти, додава тој, нагласил дека Македонската амбасада во Софија „останува на целосно располагање за секоја нивна потреба во наредниот период“. хс/нд/

Фото: ФБ Тимчо Муцунски 

Остани поврзан