• вторник, 24 декември 2024

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Муцунски нагласува дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство.

Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, земјава е високо на листата држави кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.

Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016. са/ев/

Фото: МНРиНТ

Остани поврзан