• среда, 18 декември 2024

Муцунски: За мене не може да биде про-ЕУ фронт, фронт кој што не може да обезбеди пасоши за своите граѓани

Муцунски: За мене не може да биде про-ЕУ фронт, фронт кој што не може да обезбеди пасоши за своите граѓани

Скопје, 17 јануари 2024

Ако целокупната состојба ја сумираме со зборот срамно е преблага за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извади нов личен документ, при обидот да извади нова патна исправа, односно при обидот за нормално вршење на секојдневните услуги од државата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на промената на личните документи на граѓаните.

Муцунски потенцираше дека различните изјави на претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи јасно покажува дека немаат комуникација и дека власта нема стратешка цел. 

Излегува претседателот на државата и вели ова е срамно. Апсолутно се согласувам со него. Целосно е во право претседателот Пендаровски. Премиерот потоа вели дека очекува претседателот да се слушне со претседателката на Грција. Претседателот потоа го возвраќа ударот кон премиерот, заборавајќи дека тоа е една иста извршна власт која што треба да комуницира и да ги решава работите и рече дека тоа е обврска на премиерот да ја реши. Премиерот неколку пати јавно изјавува дека треба да се разгледа решение, за министерот за надворешни работи денеска да каже дека проблемот е нерешлив. Ова се луѓето кои што имаат обврска, законски и уставни надлежности да решаваат ваков тип на предизвици кога истите постојат во системот. Десет дена од сите тројца слушаме различни изјави, рече Муцунски. 

Потретседателот Муцунски додаде дека во моментот МВР нема направено набавка на обрасци укажувајќи дека граѓаните и покрај тоа што се сликале за нови патни исправи нема да може да им се издадат новите патни исправи.

Проблемот е што во моментот МВР нема направено соодветна набавка и ние можеме да бидеме во ситуација во следните неколку месеци да имаме луѓе кои што биле сликани, но не може да им се издадат патни исправи, и дури да се најде решение на сето тоа, секако прв приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посебно во делот на управната функција на државата во рамки на МВР ќе биде да се најде итно решавање на овој пробелм, изјави Муцунски.

Во однос на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд за времена мерка, рече дека уставните судии треба да ја прифатат се со цел да ја спречат голготата низ која поминуваат граѓаните.

Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да извршат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета, нагласи Муцунски.

Која е фунцкијата на времената мерка? Имаме иницијатива која сметаме дека треба да се разгледа за да не се создадат по однос на оваа иницијатива и се што е во нејзината содржина било какви негативни последици во државата, се носи времената мерка и ние добиваме и техничка помош од гледна точка на тие предизвици кои што ги имаме во овој момент, заклучи Муцунски.

За мене не може да биде про-ЕУ фронт, фронт кој што не може да обезбеди пасоши за своите граѓани, фронт во кој се случи скандалот Онкологија, фронт кој што не може да обезбеди пристојни пензии, фронт во кој што имате секојдневна криза во образовниот систем, Не е тоа Европа. Барем не е тоа Европа која јас ја познавам, може они познаваат некоја друга Европа, но јас таа која што јас ја знам е Европа која нуди решенија за граѓаните, вели Муцунски во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Муцунски истакна дека сите анкети покажуваат максимално незадоволни на граѓаните од политичкото дејствување на власта, но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж.

Во однос на политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овие прашања мислам дека политичката мантра која што имаме обврска да ја наметнеме во следниот период е дека не треба да чекаме СДСМ да ги загуби изборите. Ние имаме обрска да победиме на следните парламентарни изборите. И го гледаме тоа по анкетите каде што граѓаните се максимално незадоволни по однос на политичкото дејствување на власта но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж. Таа надеж е суштинско политичко решавање на овие предизвици, смета тој.

Имаме обврска да бидеме кредибилна членка на НАТО, да бидеме кредибилен партнер во однос на надворешната политика и безбедносната политики. Но имаме обврска да понудиме и европска иднина на нашите граѓани, дециден е Муцунски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан