• вторник, 24 декември 2024

Муцунски на средба со австралискиот амбасадор, унапредување на економската соработка

Муцунски на средба со австралискиот амбасадор, унапредување на економската соработка

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнал со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзувањето на евроинтегративните реформски процеси. 

Соговорниците размениле мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата биле дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена,  соработката во други области од заеднички интерес, како и прашањата поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми. дма/бак/

Фото: МНР
 

 

Остани поврзан