• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Муцунски во Љубљана искажал благодарност за грижата за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија

Муцунски во Љубљана искажал благодарност за грижата за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува – доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи, истакнал денеска во Љубљана, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на одвоени средби со министерката за надворешни работи, Тања Фајон и министерката за здравство Валентина Преволник Рупел и медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти хоспитализирани во Словенија.

- Имав можност лично да добијам информации од лекарскиот тим и да се запознаам со стручниот кадар кој помогна во еден исклучително важен сегмент – организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт на пациентите. И во Словенија, нашата амбасада, со сите свои капацитети, останува на целосно располагање на семејствата на пациентите. Кризниот штаб од Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување, објави Муцунски на неговиот фејсбук профил. цр/са/

Фото: Фејсбук на минситерот Тимчо Муцунски

Остани поврзан