• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Муцунски во Белград на одвоени средби со премиерот Вучевиќ и министерот Ѓуриќ

Муцунски во Белград на одвоени средби со премиерот Вучевиќ и министерот Ѓуриќ

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска бил во Белград, каде што се лекуваат најголем број од македонските граѓани испратени на лекување во странство.

На одвоените средби со претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, објави Муцунски на неговиот фејсбук профил, изразил искрена и длабока благодарност за приемот на македонските пациенти, силната поддршка и високото ниво на медицинска грижа што ја обезбедуваат српските здравствени институции.

- Заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, ги посетивме болниците каде што се лекуваат повредените пациенти и добивме детални информации за нивната здравствена состојба. Македонската влада обезбедува сместување за семејствата на македонските пациенти во странство, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва остануваат на целосно располагање за секоја потребна помош и поддршка, напиша Муцунски на фејсбук. цр/нд/

Фото: Фејсбук на министерот Тимчо Муцунски

Остани поврзан