• вторник, 24 декември 2024

Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните

Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.

- Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани. 

Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.

-Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани. ар/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан