• недела, 01 септември 2024

Мурсели: Тетово е подготвено за големи промени, бидејќи граѓанитe досега бea запоставени

Мурсели: Тетово е подготвено за големи промени, бидејќи граѓанитe досега бea запоставени

Тетово, 4 октомври 2021 (МИА) - Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва организираше митинг при што беа претставени програмите на кандидатот за градоначалник за Општина Тетово Вулнет Мурсели пред граѓаните од населбите Речица, Тетекс и Теќе. 

Кандидатот за градоначалник Мурсели посочи дека Тетово е подготвено за големи промени, бидејќи, како што рече, граѓаните досега биле запоставени.

- Нашите граѓани се чувствуваат како странци во сопствениот град. Затоа во нашиот мандат општината ќе биде во служба на граѓаните во секое време, со ефикасна администрација - каде што ќе ја најдеме вистинската личност за секоја работа. Мојот тим ќе промовира транспарентна администрација, за да знаете во секое време каде и како се трошат вашите пари. Ќе создадеме одговорна администрацијаќе се среќаваме со граѓани секој петок, ќе отвориме специјална специјална канцеларија за нашата дијаспора, истакна пред граѓаните Вулнет Мурсели.

- Десет години не завршија ниту една работа како треба, сега за два месеци се што ќе се направи ќе биде фушерај. Досегашната власт им должат извинување на граѓаните, порача  Музафер Етеми, носител на листата на кандидати за советници.

На митингот се обрати и претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој изрази уверување дека ќе победат.

- Нема дилема дека ќе победиме. Кога има волја, ќе се направи тоа. И досега имаме примери, таму каде што раководеле општини градоначалници од Алијансата, има развој, додека секаде каде се од ДУИ, општините имаат долгови и полни се со смет. Кога сум во Тетово се потсетувам дека е град на два универзитети, ама не го личи сега таков. Тоа ќе се промени на 17 октомври кога по наша победа  навистина ќе го личи на град со два универзитети, изјави Села.

Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши истакна дека Вулнет Мурсели има јасна визија и е убеден во неговата победа, верувајќи дека се што ветил ќе исполни.ас/фф/

Остани поврзан