• четврток, 12 февруари 2026

Мурињо од лето со нов ангажман

Мурињо од лето со нов ангажман

Лисабон, 10.февруари 2026 (МИА) – Еден од најдобрите тренери – менаџери последните три децении Жозе Мурињо од лето можно е да има нов ангажман. По завршувањето на Светското првенство од селекторската позиција на Португалија заминува Роберт Мартинез, а од фудбалската федерација на Португалија се подготвуваат оваа работа да му ја понудат на Мурињо.

Тој сега е актуелен тренер на Бенфика, но искусниот тренер напомена дека на крајот од кариерата би сакал да биде и селектор на национален тим.

Португалија е единствената репрезентација поради која би ги сменил сите планови, изјави Мурињо.

Нема да биде изненадување доколку Мурињо ја добие понудата да го замени Мартинез од Белгија, кој три години е селектор на Португалија. Клубот на Мурињо, Бенфика веќе бара замена, а како прва опција е Рубен Аморим, кој доби отказ во Манчестер Јунајтед. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан