• среда, 25 декември 2024

Мурињо: Жал ми е за тоа што му се случи на Лампард

Мурињо: Жал ми е за тоа што му се случи на Лампард
Лондон, 26 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше отпуштањето на Френк Лампард од Челзи. - Не мислам дека Френк би сакал да разговара со мене или со некој друг, освен со неговиот близок круг на семејство и пријатели. Сепак, секогаш е тажно кога некој колега ќе ја изгуби работата, а Френк не е само колега за мене. Тој е важна личност во мојата кариера, па жал ми е што му се случи тоа, изјави Мурињо за „Гол“. Вчера, Челзи му врачи отказ на Лампард поради незадоволителни резултати. Англичанецот ги предводеше „сините“ од летото 2019 година. Клубот во моментов е рангиран на 9. место во Премиер лигата со 29 бода. зс/

Остани поврзан