• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мурињо доби црвен картон поради истрчувањето на теренот на натпреварот на Рома против Аталанта

Мурињо доби црвен картон поради истрчувањето на теренот на натпреварот на Рома против Аталанта
Рим, 18 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Рома, Жозе Мурињо доби црвен картон на натпреварот од 7. коло на италијанското првенство против Аталанта. Во средината на вториот дел португалскиот стручњак беше незадоволен од судиската одлука. Тренерот истрча директно на теренот за да му ги изрази своите незадоволства на судијата. За ова Мурињо веднаш доби директен црвен картон. За Аталанта ова е петти сезонски триумф, додека Рома га запиша вториот пораз. Тимот од Бергамо е лидер на табелата во Серија А со 17 бода, пред Удинезе кој има 16, Наполи и Милан се со по 14 бода и натпревар помалку. Рома е на шестата позиција со 13 бодови. зс/

Остани поврзан