• сабота, 23 ноември 2024

Мурињо демантира преселба во ПСЖ

Мурињо демантира преселба во ПСЖ

 

Рим, 10 мај 2023 (МИА) – Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо (60) ги демантираше денеска шпекулациите околу преземање на тренерската улога во редовите на актуелниот француски првак ПСЖ.

„Доколку ме барале, не ме нашле“, изјави Мурињо за Скај Спорт Италија.

Француските медиуми наведуваат дека ПСЖ повторно е во потрага по нов тренер, откако сегашниот шеф на стручниот штаб не го импресионирал клупското раководство, кое, според истите извори, воспоставило контакт со Мурињо.

„Никогаш не сум разговарал со нив“, демантираше Мурињо.

Португалскиот тренер утре ќе ја предводи Риома во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа против Баер Леверкузен.

Првиот натпревар се игра во Рим, а реваншот е на програмата на 18 мај во Леверкузен. ег/
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан