• четврток, 26 декември 2024

Мурињо: Да им се забрани на играчите учество на два натпревара во помалку од 48 часа

Мурињо: Да им се забрани на играчите учество на два натпревара во помалку од 48 часа
Лондон, 30 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека на играчите треба да им се забрани учество на два натпревара во рок од 48 часа. Португалецот го кажа ова кога го замолија да разговара за инцидентот со играчот за врска Ерик Дајер, кој истрча од теренот кон тоалетот во средината на второто полувреме на синоќешниот меч со Челзи. - Она што му се случи на Даер не е нормално, но вреди да се пофали на свој начин. Неопходно е да се воведе забрана за учество на играчи на два натпревара во помалку од 48 часа. Она што се случи е неприродно. Тој мораше да побегне бидејќи немаше други опции. Дајер беше целосно дехидриран. Морав да го притискам да се врати, но ова е одличен пример за сите. Ако лигата не се грижи за играчите, тогаш јас не можам да поминам преку тоа, изјави Мурињо. Дајер во 77. минута мораше да истрча во соблекувалната за да оди во тоалет, а Мурињо тргна по него за да го врати назад на теренот. Тотенхем победи на пенали и се пласира во четвртфиналето на ЕФЛ купот. зс/

Остани поврзан