• сабота, 23 ноември 2024

Мурињо го сака Нуњез во Фенербахче

Мурињо го сака Нуњез во Фенербахче

Истанбул, 3 јули 2024 (МИА) - Дваесет и пет-годишниот напаѓач на Ливерпул и репрезентацијата на Уругвај, Дарвин Нуњез може да се пресели во Фенербахче, пренесува онлајн изданието „Футмеркато“.

Според изворот, новиот тренер на турскиот клуб Жозе Мурињо е заинтересиран за Уругваецот со цел да ја зајакне напаѓачката моќ на клубот со доведување на напаѓач од највисоко ниво. Фенербахче наводно веќе започнал преговори со Ливерпул за трансфер на Дарвин.

Во сезоната 2023/2024, напаѓачот учествуваше на 54 натпревари во сите натпреварувања, во кои запиша 18 гола и 13 асистенции. Актуелниот договор на играчот со Ливерпул е до летото 2028-ма.

Според информациите на порталот „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан