• вторник, 24 декември 2024

Мурињо: Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата во Премиер лигата, тогаш Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси

Мурињо: Ако на Манчестер сити му ја одземат титулата во Премиер лигата, тогаш Манчестер јунајтед ќе ми должи бонуси

Лондон, 23 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека доколку на Манчестер сити му се одземат бодовите и титулата во Премиер лигата 2017/18 им биде предадена на „црвените ѓаволи“, клубот ќе мора да му исплати бонуси.

- Мислам дека се уште имаме шанси да го освоиме шампионатот, бидејќи можеби лигата ќе го казни Манчестер сити и ќе му ги одземе бодовите, а потоа ќе станеме шампиони. Потоа ќе треба да ми платат бонуси и да ми испратат медал, изјави Мурињо за „Sky Sports“.

Тренерот исто така истакна дека си заминал од клубот со добри чувства кон него и му посакува се најдобро.

Во февруари оваа година, Премиер лигата објави дека Манчестер сити е обвинет за погрешни информации за приходите на клубот од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18. Дополнително, „граѓаните“ доставија лажни информации за бонуси на играчите и стручниот штаб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан