• сабота, 23 ноември 2024

Мурали и графити со мотиви од градот ќе го разубавуваат Охрид

Мурали и графити со мотиви од градот ќе го разубавуваат Охрид

Охрид, 11 ноември 2024 (МИА) – Млади ентузијасти, уметници од Културолошката иницијатива „5 до 12“ какои членови на навивачката група „Рибари“ ќе цртаат графити на јавни површини низ Охрид.

Станува збор за проект на локалната власт „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, како дел од активностите во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината.

Целта на проектот е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат душа. Мотивите за муралите и графитите ќе бидат познати личности од општествениот живот во градот, како и стихови и познати цитати од охриѓани.

Преку проектот се настојува да се стимулираат младите уметници да ја прикажат својата креативност на јавни површини кои стануваат посредени и поубави, велат од Општина Охрид.

Поради својата содржина и цел, посочуваат, локалната власт и во иднина ќе го поддржи настанот со кој што преку окото на уметниците ќе се отсликува градот. аб/нд/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан