• сабота, 28 декември 2024

Мун: Северна Кореја да преземе мерки поради убиствто на јужнокорејскиот претставник

Мун: Северна Кореја да преземе мерки поради убиствто на јужнокорејскиот претставник
Сеул, 24 септември 2020 (МИА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска оцени дека убиството на Јужнокореецот од страна на севернокорејските војници е „шокирачки инцидент“ и побара Пјонгјанг да преземе „соодветни мерки“. Мун нареди и зајакнување на борбената готовност со цел да се подготви армијата во целост да ги штити животите и безбедноста на граѓаните. Јужнокорејскто Министерство за одбрана претходно соопшти дека севернокорејаската армија убила и го запалила телото на 47-годишниот маж, кој во понеделникот исчезнал во пограничните води. Јужнокорецот вработен во јужнокорејското Министерство за океани и риболов, во понеделникот исчезна од брод додека бил во инспекција на околу 10 километри јужно од морската граница помеѓу Северна и Јужна Кореја. Според јужнокорејското Министерство за одбрана, кој го осуди инцидентот, наведе дека врз него било пукано, а потоа неговото тело било запалено. - Нашата војска остро го осудува ваквиот брутален чин и ја повикува Северна Кореја да даде објаснување и да ги казни одговорните… Исто така строго ја предупредуваме Северна Кореја дека таа е одговорна за инцидентот, се посочува во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана. ми/

Остани поврзан