• вторник, 24 декември 2024

Мултимедијалниот проект „Дата база“ на Марија Мицова Гацова утре во Париз

Мултимедијалниот проект „Дата база“ на Марија Мицова Гацова утре во Париз

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Мултимедијалниот проект „Дата база“ на ликовниот уметник Марија Мицова Гацова утре ќе биде претставен во Меѓународниот резиденционален центар (Cité internationale des Arts) во Париз.

Како што информира авторката, проектот „Престој со мултимедијална изложба „Дата база“ во Меѓународниот град на уметностите во Париз е избран на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година од областа на меѓународната дејност.

На настанот Отворено студио во оваа престижна институција авторката изложува инсталација од цртежи, принтови од мемориски предмети, инсталација во техниката papier mâché и видео кое го документира целиот процес на творење. Изложбата произлегува од нејзиното истражување за комплексноста на меморијата, составена од генерациски наследни податоци, стекнати информации и нивната употреба во социјално-културен контекст.

Овој двомесечен резиденционален престој со изложба во спомената институција во Париз е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

Марија Мицова Гацова е ликовен уметник од Кочани. мд/са/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан