• петок, 27 декември 2024

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна во Градската библиотека во Скопје

Мултимедијална промоција на „Театар на сенки“ од Емељ Туна во Градската библиотека во Скопје

Скопје, 18 сетпември 2023 (МИА) - Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Театар на сенки“ од Емељ Туна. Мултимедијалната промоција е составена од перформанс на трупата „Наш мал театар“ работен според стиховите на Туна, промотивна реч на Владимир Мартиновски и интерпретација на стихови од страна на Биљана Стојановска.

- Збирката „Театар на сенки“од Емељ Туна содржи 41 песни, на околу 50 страни. Песните се поделени во две посебни, но сепак поврзани целини: „Театар“ во кој има 20 песни и „Сенки“ во кој се сместени 21 песна. „Театар на сенки“ е насловната песна која ја отвара завесата на овој театар во кој детските приказни се вртат во парички од лутина и среќа и паричката се губи во прашината на градовите и касабите што ни се отвораат пред очите, информираат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Емељ Туна е голем вљубеник во пишаниот збор, но и на уметноста општо. Родена е 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски манифестации меѓу кои и 59тите Рацинови средби (Велес) и Ритамот на чаршијата (Скопје) во 2022 година, како и на неколку натпревари на кои е добитник на награди и признанија.

Промоцијата на поетската збирка „Театар на сенки“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година. сх/мд/

Фото: ГБСК 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан