• недела, 24 ноември 2024

Мултимедијален настан во Градскиот музеј во Крива Паланка

Мултимедијален настан во Градскиот музеј во Крива Паланка

Крива Паланка, 18 август 2022 (МИА) – Со изложба на цртежи и слики, музика и танц, синоќа Локаланата установа - Градски музеј Крива Паланка реализираше мултимедијален настан, кој привлече голем број посетители пред платото на музејот.

Настанот опфати изложба на цртежи и слики, акрили од професорот Владимир Величковски и концерт на „Триплет“ бендот од Скопје.

Директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, Драган Величковски потенцира дека настанот е дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022“ и се реализира заедно со Центарот за Аудиовизуелни уметности Крива Паланка, со поддршка од Европската куќа од градот.

-Овде се изложени моите најнови дела работени изминатите три - четири години, сите инспирирани до музиката која редовно ја слушам. Сите дела се отсликување на емоција по моментална инспирација и се без корекции и исправки. Овде се клучни музиката, играта, танцот, можете да погледнете дела инспирирани од класични изведувачи, светски класици во различни жанрови и неминовно, од македонското оро кое ми е во сржта и е порив за посебна сликарска експресија, рече Величковски.

Младите музичари од „Триплет“ приредија одлична забава за присутните, а изложбената поставка на Величковски ќе биде достапна за љубителите на уметноста во следните десетина дена. ид/дма/

Остани поврзан