• среда, 13 ноември 2024

Мукаетов: Чест и задоволство е да бидеме организатори на најголемиот спортски настан во Македонија во последните десет години

Мукаетов: Чест и задоволство е да бидеме организатори на најголемиот спортски настан во Македонија во последните десет години
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) – Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес на прес-конференција, рече дека е чест да се биде организатор на сениорското Европско првенство. - Во периодот од 4 до 20 ноември годинава се одржува Европското првенство за ракометарки во Словенија, Македонија и Црна Гора. За нас е голем предизвик задоволство и чест што можеме да бидеме организатори на најголемиот спортски настан кој се случува во Македонија. Се координираме со Словенија и Црна Гора и ЕХФ, сите заедно ден за ден работиме околу плановите и активностите. Ова е коорганизација на три држави, и од тој аспект има доста работи кои треба да се синхрозирираат за се да помине во најдобар ред. Благодарност до Владата која се зафати да ги досреди со одредени градежни работи сите работи во салата „Борис Трајковски“ кои треба да се корегираат. Треба да се покажеме сме подготвени да организираме врвен настап наниво. Очекуваме во Скопје да дојдат околу 40 службени лица од ЕХФ. Апелирам до нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да им дадеме поддршка на нашите репрезентативки, истакна Мукаетов . Македонската репрезентација на Европското првенство ќе игра во група со Франција, Холандија и Романија. Во групната фаза домаќини ќе бидат Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје, втората фаза продолжува во Скопје и Љубљана. Финалниот турнир е во словенечката престолнина Љубљана од 17 до 20 ноември. зс/

Остани поврзан