Мукаетов за претстојниот Мундијал: Би бил задоволен со три победи
- Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов посакува националниот тим да избори учество во втората фаза на претстојното Светско првенство.
Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) – Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов посакува националниот тим да избори учество во втората фаза на претстојното Светско првенство.
- Да останеме таму најмалку 12 дена, тоа значи пласман во втор круг, а јас лично би бил задоволен со најмалку три победи на шест натпревари, изјави Мукаетов на денешната заедничка прес-конференција во Македонски Телеком.
РФМ ја продолжи соработката со Телеком кој е долгогодишен партнер на македонските ракометни репрезентативци.
- Осум години македонски Телеком е верен партнер на македонскиот ракомет давајќи безрезервна поддршка на македонскиот национален тим. И со оваа прес-конференција даваме поддршка на репрезентацијата, им посакуваме голем успех и многу среќа на Светското првенство, изјави главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев.
Македонија на Мундијалот 2025 е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. зс/
Фото: МИА